АО: Нова сензација наречена Кирсте – Суарез Наваро е елиминирана


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Романската тенисерка Сорана Кирсте се пласираше во 3-то коло на АО, бидејќи ја победи 12-та тенисерка во светот Карла Суарез Наваро во 2 сетови со 7:6 и 6:3.

Фаворитката од Шпанија добро започна и веднаш направи брејк во првиот гејм. Сепак, 78-та тенисерка успеа да го врати тој поен во 4-от гејм. До крајот на сетот беа израмнети и заминаа во тај-брејк. Кирсте одлично направи серија од 7 поени и го доби првиот сет.

Вторито сет беше целосна спротивност во однос на првиот кога станува збор за освојување гејмови на свој сервис. Само во еден од 9 гејмови во тој сет немаше брејк и тоа во 6-от кога Романката го превзема водството со 4:2.

Кирсте во наредното коло ќе игра против Риске, која во 3 сетови ја победи Жанг.