Ибра руши рекорди во ПЛ!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Многумина не веруваа дека Златан може да продолжи да ги тероризира противничките мрежи и во Англија.

Ибра на своите 35 години доби шанса да заигра во ПЛ, а сега е јасно дека поранешниот играч на Ајакс, Јувентус, Интер, Милан, Барселона и ПСЖ не може да го сопрат годините.

Дојде со гол против Лестер во првиот дел на играта до бројот од 15 голови во ПЛ.

Еден од најдобрите стрелци во лигата оваа сезона, го дели 2-то место со Диего Коста и Алексис Санчез.

Неговиот успех оваа сезона посебно добива на тежина кога ќе се земе во предвид податокот дека тој е најстариот играч во историјата на ПЛ кој дојде до 15 голови.

Златан е на половина пат да наполни 36 години, а уште еднаш докажа дека за него не постојат граници.