Откриена е мистеријата на прославата на голови на Меси?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Барселона вчера ја победи Селта со 5:0. Првиот гол го постигна Меси и го прослави со гестикулација на телефонирање, а многумина помислија дека тој со тоа сакал да и порача на управата на Барселона да побрза со продолжување на договорот.

Сепак, според некои медиуми, вистината е поинаква. Меси наводно пораката ја испратил кон својот внук од Аргентина кој дошол да го гледа на трибините во Барселона.

Меси против Селта одигра одличен натпревар. На натпреварот постигна вкупно 2 голови и 2 асистенции.