Нов тренер и газење на противникот – Вардарки убедливо против Турингер за влез во четвртфинале како лидерки

Ракометарките на Вардар во СЦ Јане Сандански убедливо го победија Турингер во последниот натпревар од главната фаза во Лигата на Шампионите, 36:26.

На почетокот на натпреварот голманките на двата клуба не дозволија да примат погодок. Со серија од пет погодоци Вардарки стигнаа до водство од пет поени, 7:2.

Вардарки постигнаа два погодоци во низа за 9:3. Се играше во серија, а ракометарките на Вардар со три погодоци во низа зголемија на осум погодоци предност, 14:16. Потоа Вардарки имаа и плус девет, 16:7. После триесет минути игра ракометарките на Вардар имаа седум погодоци предност, 19:12.

 

Почетокот на второто полувреме донесе нови три погодоци во низа на Вардарки за враќање на деветте погодоци предност, 23:14. Ракометарките на Вардар со четири погодоци во низа стигнаа до двоцифрена предност на натпреварот, 28:17.

На крајот убедлива победа на Вардарки, 36:26.

 

Јованка Радичевиќ ги предводеше Вардарки до победа со 9 погодоци. Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ постигна по 5, Александра Лакрабер 4,Камила Херем и Ања Алтхаус по 3, Сања Дамњановиќ 2, Андреа Кликовац, Барбара Лазовиќ, Сара Ристовска, Тамара Мавсар и Џијана Илина по 1 погодок. Ивета Лузумова со шест погодоци беше најефикасна во тимот на Турингер со 7 погодоци.

 

Вардарки главната фаза ќе ја завршат на првата позиција и како лидерки ќе влезат во четвртфиналето. Заедно со Вардарки во четвртфиналето обезбедија пласман и Будуќност, Ференцварош и Мец. Денешниот противник на Вардарки, Турингер и Астрахончка ги завршија настапите во ЛШ за оваа сезона.