Играчите кои креираа најмногу шанси во ЛШ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со вчерашните натпревари помеѓу Монако и Сити, односно Атлетико и Леверкузен, беше завршена 1/8-финалното коло.

Денес беше објавен и еден интересен статистички податок од ова натпреварување, поточно листа на играчи кои создале најмногу шанси во оваа сезона во ЛШ.

1/8-финалето никогаш не било поефикасно од оваа сезона, кога во просек се постигнуваа по 3.78 голови по натпревар.

За ваква рекордна ефикасност, покрај играчите кои постигнуваа, се заслужни и тие кои ги создадоа шансите за своите соиграчи.

Па така досега најмногу шанси има креирано Моура, дури 25. Зад него се Алвеш со 20, Коке со 20, Ериксен има 19, Нејмар има 18 и Тони Крос има, исто така, 18 создадени шанси.