„Јувентус има врвни играчи на секоја позиција“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона во ¼-финале во ЛШ ќе играат против Јувентус.

Ова ќе биде едно од двете големи дерби натпревари во оваа фаза од натпреварувањето, а играчот за врска на Барселона, Иниеста имаше само пофални зборови за Јувентус.

„Како и сите италијански тимови, Јувентус има силна одбрана. Освен тоа, имаат фудбалери кои се способни да го сменат текот на натпреварот во само еден момент. Имаат врвни фудбалери на секоја позиција, па така ќе биде многу тешко за нас.“

Првиот натпревар се игра на 11 април, а реваншот се игра 8 денови подоцна.