Играчите на Барселона избраа нов тренер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Енрике кој 3 години ја води Барселона на крајот од оваа сезона најверојатно ќе си замине.

Енрике сам го изјави своето заминување, а веќе се шпекулира за нов тренер.

Сампаоли, Валвереде, Куман, Покетино се само неколку од имињата кои се споменуваат како потенцијален заменик на Енрике.

Но има едно име кое во тишина сака да биде тренер на Барса.

Станува збор за Хуан Карлос Унзуе, некогашен голман во Барселона и сегашен помошник на Енрике. Тој е заинтересиран и има подршка од играчите на Барселона.

„Унзуе знае како клубот функционира. Долго работи со нас и е доста искусен веќе“ – вели Иниеста.

Од 2013 е помошник на Енрике, заедно работеа и во Селта Виго, додека самостојна работа имаше во Нумансија.