Наскоро почнуваат преговорите – Кутињо никогаш не бил поблиску до Барселона!

Филипе Курињо на крајот на оваа сезона би можел да го напушти Ливерпул.

Тој на почетокот на оваа година го продолжи својот договор со Ливерпул на уште 5 години, но претходните денови започна да се зборува за негово заминување во Барселона.

Медиумите објавија дека Барселона го сака Кутињо, но дека и тој сака да оди таму.

Овој 24-годишен фудбалер моментално е во Бразил каде што со репрезентацијата игра на натпреварите за квалификации на СП.

Нејмар пред неколку денови објави дека Кутињо совршено би се вклопил во играта на Барселона, па тој е единствен играч од ПЛ кој сака да го види во дресот на Барселона.

Наводно, преговорите помеѓу Барселона и Кутињо треба да започнат наскоро.