Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Самуел Умтити е најдоброто засилување за Барселона можеби во последните неколку години.
Французинот пристигна од Лион минатото лето за 25 милиони евра и ги оправдува парите на добар начин.
Сепак, од почетокот никогаш на никому не му е лесно, тој изјави дека најмногу му помагал Пике.
„Од првиот ден воочив дека Пике знае многу работи и сака да помага. Многу разговарав со него, и на теренот и надвор од теренот. Од првиот ден тој е пример за мене, лидер е како во соблекувалната така и на теренот. Одлично се разбираме и мило ми е за тоа“ – вели Умтити.
Инаку Барселона славеше на 17 натпревари во Примера на кои Умтити беше стартер.