Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона сака да го врати своето дете, но тоа не може да помине ефтино.
Фудбалскиот клуб Барселона сака да го врати Тиаго Алкантара, но тешко дека ќе се согласи на условите на Баерн Минхен.
Тие сакаат 90 милиони евра за играчот кој во 2013-та година го донесоа за скоро 4 пати помалку пари.
Барселона тоа лето направи една од најголемите грешки затоа што дозволи да му ја активираат клаузулата за 25 милиони евра на Тиаго.
Тоа го искористи Пеп Гвардиола и никогаш полесно не доби одличен играч за само 25 милиони евра.
Барселона сака да го засили редот за врска, а покрај Тиаго, мети се Кутињо и Верати, а доколку мора да одвои 90 милиони евра, тогаш тој би бил најверојатно трета опција.
Сепка, треба да почекаме до лето затоа што можеби Барселона ќе ја спушти цената или ќе вклучи некој играч во трансферот.