„Верувајте ми на зборот, би ја одбил Барселона!“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Тренерот на Реал Сосиедад, Сакристан не сака да ја води Барселона. Него медиумите почнаа да го поврзуваат со Барселона, откако Енрике најави заминување, но тој нема намера да се врати во тим во кој помина 7 години.

„Ми годи интересот на Барселона, но фокусиран сум на други работи во моментот. Ве убедувам дека би ја одбил сега Барселона. Не гледам можност да ги водам.“

„Се што ми се случува е заслужен Сосиедад, кој ме прифати по моите 4 години работа во Барселона. Морам да бидам посветен на Сосиедад кој ми даде голема шанса. Најдов рамнотежа помеѓу приватниот живот и работата.“