Аларм во Минхен – Ноер на операција!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фантастичниот голман мораше да оди на операција на стапалото, иако на Баерн му се приближува натпреварот во ¼-финалето на ЛШ против Реал Мадрид.

До ¼-финалниот натпревар останаа уште 2 неделни, а првиот голман на Баерн има проблеми и мора да оди на операција на левото стапало.

Ноер не беше на голот на Германија на натпреварот во квалификациите за СП против Азербејџан, како ниту на пријателскиот натпревар против Англија.

Засега единствено се знае дека Ноер нема да биде подготвен за натпреварите против Аугсбург и Хофенхајм.

„Ноер беше на операција која помина успешно. Тој отиде на операција по повредата на левото стапало на тренинг.“