„Михајловиќ е најдобриот мотиватор, ќе направи ѕвезда од него!“


Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Според зборовите на Абијати, Синиша Михајловиќ е најдобриот мотиватор во Серија А.

Кристијан Абијати ужива во пензијата, има 39 години и од минатата сезона не брани откако го заврши договорот со Милан.

Овој одличен голман ја коментираше изјавата на Вања Милинковиќ-Савиќ кој кажа дека тој му бил мотивација.

„Многу сум изненаден. Во текот на мојата кариера многу голмани ми кажаа дека се инспирирани од мојот лик. Сепак, зборовите на Милинковиќ-Савиќ многу пријатно ме изненадија. Не го очекував тоа. Зборуваме за момче кое има само 20 години и никогаш нема играно во Италија.“

„За младите голмани нормално е да кажуваат дека инспирација им е Буфон, на пример.“

„Го гледав Вања многу пати, нешто во Полска, нешто во Србија и ми остави добар впечаток.“

„Со Михајловиќ, тој е во добри раце. Миха од секогаш имал смисла за работа со младите.“

„Синиша ме тренираше првата година кога стигна во Милан и тој е неверојатен мотиватор. Мислам дека Вања покрај него ќе порасне во одличен голман. Погледнете го Донарума. И него Миха го исфрли во прв план.“