Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Медиумите дознаваат дека Ливерпул тргнува во акција да донесе фудбалер на Арсенал во свои редови.
Ливерпул сака да го донесе Окслејд-Чемберлејн!
Тој покажа незадоволство со својот статус во тимот, а поради тоа што не е стандарден првотимец, тој би сакал да замине од тимот во текот на летото.
Неговата наредна дестинација би можела да биде Ливерпул.
Сепак, се очекуваат тврди преговори, Арсенал бара 35 милиони фунти, а во Ливерпул сметаат дека тоа е премногу. Ќе видиме дали клубовите ќе најдат заеднички јазик.
Тој потекнува од академијата на Саутемптон, од каде што Арсенал го донесе на 18 години за 15 милиони фунти.
Досега одигра скоро 150 натпревари за Арсенал и постигна 20 голови. А исто така одигра и 25 натпревари за Англија и постигна 5 голови.