Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По испаѓањето од Реал Мадрид во ¼-финале на ЛШ, Баерн Минхен има уште еден проблем.
Голманот на клубот, Ноер се повреди во овој натпревар и најверојатно за него оваа сезона е завршена.
Ноер го скрши стапалото, а Мадрид го напушти на помагала.
Повредата се случи неколку моменти пред третиот гол на Реал, Ноер ја исфрли топката во аут, затоа што му настрада левата нога.
Тежината на повредата би требало да биде позната по деталните прегледи кои ќе бидат објавени денес, но првите информации тврдат дека тој ќе ја пропушти сезоната.
Слична повреда имаше и на почетокот на април, а тогаш отсуствуваше 3 натпревари. Сепак, ова делува многу посериозно и најверојатно до крајот на сезоната нема да брани.