Конечно е најдено решение, Ибра заминува од Манчестер?!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ова е применето неколку пати, а по се изгледа дека е единствено решение кои би ги задоволило 3-те страни!

Ибрахимовиќ во лето би потпишал за Галакси, а преговорите веќе се во тек и тој би станал најплатениот играч во МЛС лигата.

Тој би добивал скоро 10 милиони долари по сезона, а договор би потпишал на 3 години.

Опција на кој би се согласил и самиот играч е тоа да биде позајмен на Јунајтед, а тоа е до следниот март да игра за Манчестер.

Оваа формула не е непозната, тоа го направи Галакси со Бекам и Милан.

Вака би го осигурале Ибра за наредната сезона која започнува во март, а тој би добил шанса поголемиот дел од сезоната да го поминува во сегашниот клуб.

Јасно, ако Јунајтед се бори за титула или проценките се дека не можат без Ибра, па би се обиделе да го задржат до јуни 2018.

Том Пен изјави дека Ибра сака да замине во Лос Анџелес и да стане заштитно лице на клубот и лигата.

Неговиот договор завршува со Јунајтед на крајот на сезоната, а има опција да го продолжи, па Мурињо му нуди нов 1-годишен договор, но на крајот тој би се согласил и на тоа решение.

Ибра претходно изјави дека дошол за големи работи, дека Јунајтед не е доволно добар, дека тој нема време за чекање.

Засега е реално враќањето на Јунајтед во евро-елитата преку ЛЕ. Тие денес играат против Андерлехт и имаат активен резултат, односно 1:1 од првиот натпревар.