Фудбалска лепотица против тактичка перфекција (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Монако и Јувентус стигнаа до полуфиналето, а начинот на кој беа елиминирани Борусија Дортмунд и Барселона беше нешто што предизвика дивеење.

Мадридското дерби ќе донесе војна на теренот, а вториот полуфинален натпревар во ЛШ ќе го претставува судирот на два света. Две фудбалски филозофии ќе ги вкрстат копјата во борбата за заминување на националниот стадион во Кардиф.

Клубот од кнежеството им покажа на милионерите дека во завршницата во ЛШ нема место за две фудбалски романси, го надиграа тимот на Томас Тухел во сите сегменти на играта, а колку се помоќни на теренот покажаа во реваншот на Луј Втори кога после 17 минути играа имаа водство од 2:0.

Бернардо Силва, Килијан Мбапе, Томас Лемар и Радамел Фалкао ова полуфинале ќе го направи поубаво за гледање, а дали тоа ќе биде доволно од другата страна да се сруши торинскиот гигант останува да се види.

Јувентус е тим кој најдобро ја темпира формата во Европа оваа сезона. Масимилијано Алегри беше жестоко критикуван после лошите игри во досегашниот тек од сезоната, но натпреварите против Барселона променија се.

Дека е тактички велемајстор, но пред се тренер кој е во состојба да го почувствува вистинскиот момент за своите фудбалери Алегри покажа како пример со Пауло Дибала. На младиот аргентинец најмногу му се допаѓа формацијата 4-2-3-1 во која се претвори во ноќен кошмар за одбраната на каталонскиот гигант.

Слично е и со останатите фудбалери на Јувентус, најмногу со Квадрадо кој со константите контранапади го уништуваше Жорди Алба. Преминувањето во новата формација го симна теретот од грбот на Игуаин од кој не зависи завршницата во нападот. Пипита можеби не погоди против Барселона, но тоа би можел да го направи против Монако.

Монако не се некои кои знаат да играат на резултат што на стартот му се дава предност на Јувентус, но старата дама прв пат ќе игра против таков потенцијален и фудбалски талент.

Големо е прашањето дали на Јувентус му одговара тоа што првиот натпревар се игра во Кнежеството бидејќи и во случај во првиот натпревар старата дама да се одбрани ќе и биде тешко тоа да го направи на свој терен каде ќе мора да игра офанзивно. Во секој случај се ќе биде јасно после натпреварот на Луј Втори.