Монте Карло – Надал по 10-ти пат е шампион!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја одбрани титулата на турнирот во Монте Карло.

Рафа денес лесно излезе на крај со Рамос-Вињолас, кој го победи со 6:1 и 6:3. Натпреварот траеше 1 час и 17 минути.

Надал дури 4 пати направи брејк, а Вињолас немаше ниту една брејк шанса.

Ова беше 3-ти натпревар помеѓу овие 2 тенисери и трета победа за „кралот на земјата“.

Шпанскиот тенисер стигна до 10-та титула во Монако, а вкупно 70-та во кариерата. Од друга страна, Рамос Вињолас денес го играше своето прво финале на АТП турнир од серијата 1000.