Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Одличниот играч на Ливерпул, Кутињо најверојатно брзо ќе се врати на теренот, откако доби удар поради кој мораше да го напушти натпреварот против Вотфорд по 13 одиграни минути.
По само 13 одиграни минути тој го напушти теренот и на негово место влезе Лалана.
Кратко по натпреварот се огласи и тренерот на Ливерпул.
„Тој само доби незгоден удар, се надеваме дека не е ништо сериозно, но секако дека ударот беше болен и немаше шанси да го продолжи натпреварот.“
Набрзо потоа се огласи и Кутињо, откако кажа дека повредата не е сериозна.
„Ви благодарам на поддршката. Не е ништо сериозно.“
Ливерпул кој во моментов е трет во ПЛ, во недела игра против Саутемптон.