Ниту 3-та среќа не и помогна на Лина – Елиминација во првото квалификациско коло на Ролан Гарос!

Денес нашата најдобра тенисерка имаше настап на турнирот во Париз.

Таа во првото квалификациско коло играше против Лемон од Холандија.

Натпреварот одлично го отвори со 6:3 и влезе добро во вториот сет, но за жал се случи пресврт и нејзината противничка стигна до 6:3.

Последниот сет започна многу лошо за Лина која губеше со 2:0, а потоа направи пресврт за 3:2, но и тоа не беше доволно, затоа што следуваше уште еден пресврт на противничката која го освои и последниот сет со 6:3.

Секако, ова не треба да биде разочарување за нашата тенисерка, туку само лекција и мотив повеќе за да се врати уште посилна и да напредува уште повеќе во својата кариера.