Интер се откажа, сега Челси е на потег!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лондонските Сини наскоро може да добијат „капитално“ засилување како нивниот главен конкурент за потпис на крилниот играч се откажа.

Интер од Милано се откажа од евентуален трансфер на Антонио Кандрева во своите редови, судејќи според се не успеале да се договорат со управата на Лацио околу висината на оштетат.

Наводно нуделе 16 милиони фунти за крилниот фудбалер, додека Лацио барал четири повеќе.

Крилниот фудбалер на „Небесносините“ сепак најверојатно ќе го напушти Рим, а сега се очекува Антонио Конте да тргне по еден од најдобрите играчи на репрезентацијата на Лацио од неговото време на клупата на Аѕурите.

Кандрева во минатата сезона за Лацио одигра 33 натпревари, а постигна 10 голови со три запишани асистенции.

Играше и за селекцијата на Италија на ЕП, а до повредата поради што го пропушти третиот меч од групната фаза, како и мечевите со Шпанија и Германија во нокаут рундата, беше еден од најдобрите во составот на Аѕурите.