Трајковски и Маслинко нови кошаркари на МЗТ Скопје


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од таборот на МЗТ Скопје потврдија дека Бојан Трајковски и Андреј Маслинко се нови кошаркари на клубот.

Искусниот Трајковски доаѓа од редовите на Карпош Соколи, а во кариерата има настапувано за бројни македонски клубови како Работнички, Фени Индустри, Торус, Лирија, Куманово како и за полскиот Слупск и косовската Приштина. Талентираниот Маслинко пак доаѓа од редовите на Работнички, а одреден дел од кариерата има настапувано и за младинскиот тим на Стела Азура од Италија.

Претходно во таборот на „Металците“ пристигнаа Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Ерик Гарсија, Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, а од минатата сезона под договор се Марко Симоновски и Адем Мекиќ.