Металург во Охрид ќе се подготвува за Лигата на Шампионите


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ракометарите на Металург во Охрид ќе ги обработат финалните подготовки пред почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Металурзите ќе имаат седумдневни подготовки во „Билјанини Извори“, а покрај тренинзите предвидени се и неколку тест средби.

Металург во Охрид ќе спарингува со домашниот тим како и со Пелистер и Еурофарм Работник.

“Охрид ќе биде нашата последна станица од подготовките за претстојната сезона. Во изминатите дваесетина дена работевме на сите сегменти на играта, кондициски, техничко-тактики и психолошки. Задоволен сум од ангажираноста, посветеноста и од волјата со која ракометите ги реализираа поставените задачи. Од досега сработеното и одиграното во мечевите во Струга, полека почнувам да ја формирам екипата и стилот на игра со кој ќе пробаме повторно позитивно да изненадиме сезонава. Сепак, има уште многу да се работи, ако сакаме да ги постигнеме посакуваните цели“- истакна Червар за клупскиот сајт на РК Металург.

Металург сезоната ќе ја започне со дербито против Вардар во рамките на првото коло од СЕХА лигата, додека пак првиот натпревар во Лигата на Шампионите ќе го има на 16 септември против Монпелје.