Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Ракометарите на Металург претрпеа пораз на гостувањето во Нови Сад кај Војводина во рамките од петтото коло од регионалната СЕХА Лига резултат 21:19.
Тимот на Лино Червар од самиот старт започна лошо и ја препушти иницијативата на домашниот тим. Разликата во корист на Војводина во текот на целиот натпревар достигна максимални плус три, но и тоа не беше достижно за Металург.
Металург само еднаш поведе во овој натпревар и тоа во втората половина од вотрото полувреме со 17:16, но домаќините набрзо ја вратија предноста и потоа не ја испуштија до самиот крај.
Најефикасен во редовите на Металург беше Кузмановски со пет погодоци, а еден помалку постигна Божо Ангелиќ.
Ова беше прва победа на ракометниот клуб Војводина во новата сезона од СЕХА Лигата.