Конечно се договориле, Интер доби сериозно засилување!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кинезите дале зелено светло, се ќе биде завршено за време на викендот!

Антонио Кандрева ќе биде најголемо засилување на Интер во ова лето. Имено, после долги преговори, кинеските сопственици се сложиле да платат на Клаудио Лотито за 25 милиони, па италијанскиот репрезентативец ќе ги засили „црно-сините“.

Проблем беше бидејќи новите сопственици сметале дека Кандрева е престар за толку вложување, но Лацио одби 20 милиони.

Се верува дека Интер прифати со цел да ја одобри вољата на Манчини кој се закануваше со заминување. Тој демантираше дека размислува за оставка, но и низ редови порача дека тимот мора да се засилува.

Интер од понатака не се откажа од Жоао Марио, но Спортинг не го пушта португалскиот репрезентативец и бара најмалку 40 милиони евра за овој фудбалер.

Интер изгледа ќе го задржи Икарди, нема доволно пари за некое звучно име, поради финансискиот фер плеј, а да потсетиме веќе дека како бесплатни играчи стигнаа Еркин и Евер Банега.