Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Двоецот на Мерцедес беше најдобар на денешните квалификации пред трката за Големата награда на Јапонија која се вози на легендарната патека Сузука.
Пол позицијата во Јапонија е прва во кариерата за Луис Хамилтон кој до истата стигна со време од 1:27.319, додека пак Ботас доцнеше само три десеттинки зад него.
Од третата позиција ќе стартува пилотот на Ферари, Себастијан Фетел кој ќе мора да победи во Јапонија доколку сака да си ги одржи шансите за титула во генералниот пласман. Од четвртата позиција ќе стартува Рикардо, додека третиот ред ќе им припадне на Ферстапен и Раиконен.
Меѓу првите десет на стартот ќе се појават и Очон, Перес и Маса.