Скандал на стартот на НБА сезоната, соиграчи од Чикаго се степале на тренинг

Шпанскиот кошаркарски репрезентативец, Никола Миротиќ завршил во болница затоа што соиграчот од Чикаго, Боби Портис го удрил со бокс во главата и со тоа му нанел видливи повреди.

Како што јавува американскиот медиум „ЕСПН“ двајцата кошаркари се скарале на еден од последните тренинзи пред официјалниот старт на сезоната, а потоа Портис одеднаш го удрил Миротиќ кој заработил фрактура на две коски на лицето.

Од клубот најавуваат дека е можно Миротиќ да биде опериран, а исто така изјавија дека и двајцата кошаркари ќе си ја добијат заслужената казна.