Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од 21:00 часот својот натпревар од второто коло на Европското првенство го одиграа репрезентациите на Франција и Албанија.
Дидиер Дешам натпреварот го започна без неколку стандардни првотимци, а помеѓу нив беа Антоан Гризман и Пол Погба.
Натпреварот започна мирно без многу шанси, Албанија одлично се бранеше и играше на 0:0, Французите стрпливо ја чекаа својата шанса. На полувреме се замина без голови.
На стартот на вториот дел во игра влезе Пол Погба на местото на напаѓачот на Манчестер Јунајтенд Ентони Марсијал и сега се очекуваше домаќинот да тргне по трите бода и пласманот во нокаут фазата.
Дешам клучниот момент го направи си уфрлувањето во игра на Антоан Гризман кој возврати на вистински начин и во 90 минута погоди за 1:0 , за во 95 минута феноменалниот Димитри Паје да ги постави конечните 2:0