Ботас на пол позиција во Австрија, нова казна за Фетел


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Финскиот возач од редовите на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Австрија.

На патеката „Ред Бул Ринг“ друштво од првиот ред на Ботас ќе му прави неговиот тимски колега, Луис Хамилтон, додека трет требаше да стартува Себастијан Фетел, но тој заработи казна, па трката ќе ја започне од шестата позиција.

Така, Кими Раиконен сега ќе стартува од третата позиција, за едно место во однос на квалификациите исто така ќе напредуваат и Макс Ферстапен и Роман Грожан.

Себастијан Фетел беше казнет поради тоа што го забавувал Карлос Сајнц јуниор за време на брзиот дел од патеката.

Трката за Големата Награда на Австрија на програмата е утре со почеток во 15:10 часот.