Откриено колку ќе заработува Јувентус годишно поради Роналдо

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред неколку дена официјално беше претставен како ново засилување на Јувентус.

Роналдо ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Реал Мадрид по девет години и да потпише за Јувентус.

Меѓутоа, Португалецот на прес-конференцијата кажа дека едноставно сфатил дека му треба нов предизвик во кариерата.

Со доаѓањето на Роналдо во Јувентус, „Старата дама“ многу ќе добие на теренот, но и надвор од него. Италијанските медиуми пресметаат дека Португалецот би можел на Јуве да му донесе заработка од 75 до 100 милиони евра.

ТВ-правата сигурно ќе бидат поголеми кога станува збор за Јувентус, како и бројот на влезници, па најверојатно и цените на истите. Се очекува Јуве во овие два сегменти да добие сума поголема од 34 милиони евра, колку што добија во претходните сезони.