Не му доаѓа памет: Марадона повторно ја згрози јавноста (ВИДЕО)

Диего Марадона имаше свое шоу во текот на Светското првенство, каде што направи неколку глупости, како што беше средниот прст, па потоа паѓање во несвест и итно префрлување во болница.

Легендарниот Аргентинец води нездрав живот, а не е тајна дека ужива во наркотици и алкохол, па прашање е до кога ќе може да си го уништува животот.

Марадона е забележан во автомобил во едвај свесна состојба, а беше под дејство на алкохол, па не можеше дури ниту да зборува со новинарот.

Марадона од неодамна е претседател на белоруски Динамо Брест, но ниту таа работа не го смири Аргентинецот.