(Не)пријатни вести за навивачите: Реал Мадрид ќе го задржи својот голман!?

Кејлор Навас би можел наскоро да го продолжи договорот со Реал Мадрид, барем така пишува костариканскиот медиум „Ла Насион“.

Иако претходните денови се пишуваше дека Реал Мадрид е блиску до трансфер на Тибо Куртоа од Челси, очигледно управата решила да го задржи и Навас.

„Ла Насион“ пишува дека новиот тренер на „кралевите“, Хулен Лопетеги е голем фан на Навас и сака Костариканецот да остане во екипата.

Овој 31-годишен голман има договор со Реал до 2020. година, но со новиот би требало да остане до 2022. година.