Ништо од трансфер во Франција: Еве каде ќе продолжи Адеми


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб, Аријан Адеми се поврзуваше со трансфер во редовите на францускиот Лил, но сепак до такво нешто нема да дојде.

Причината поради тоа е што Адеми се реши да потпише нов договор со Динамо Загреб со кој се обврза на соработка со клубот од „Максимир“ во следните пет години.

„Пресреќен сум што потпишав нов договор кој покажува колкава е љубовта помеѓу клубот и мене.  Во ниту еден момент не се двоумев. Всушност, Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да влеземе во Лигата на шампионите, сакам и понатаму со „модрите“ да освојувам титули. Пресреќен сум што сум тука. Цели? Ги има многу. Сакам да презимиме во Европа, тоа не сме го направиле уште. Едноставно, Динамо многу ми помогна и сакам нешто да му вратам. Го сакам овој клуб“-коментираше Адеми на пресконференцијата по повод неговото потпишување на новиот договор.

Претседателот на клубот Баришиќ потврди дека имало конкретна понуда од Лил, но истата била одбиена.