Три гиганти заинтересирани за Ериксен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен останува трансфер цел на неколку топ европски тимови.

Според некои медиуми, за данскиот интернационалец постои сериозен интерес од Реал Мадрид, кој го гледа Ериксен како идеална замена за Модриќ кој веројатно ќе си замине од тимот.

Покрај Реал, интерес за Ериксен има и од ПСЖ и од Барселона, а Тотенхем за него ќе бара околу 100 милиони фунти.

Сепак, се уште не е познато дали Покетино ќе се реши да го продаде еден од своите најдобри фудбалери, со оглед на фактот што не донесе ниту едно засилување во летниот преоден рок.