Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За животот на легендарниот Михаел Шумахер се знае многу малку по повредата на скијање, но странските медиуми успеваат да дознаат по нешто за неговата здравствена состојба.
Германскиот возач во текот на кариерата освои седум титули во Формула 1 и денес е еден од најдобрите во историјата.
Популарниот Шумахер најверојатно ниту денес не може да оди и да зборува, а тоа се само претпоставки бидејќи неговото семејство не кажува ништо.
Сепак, анлгиски „Експрес“ пишува за состојбата на Шумахер, а тоа ниту малку не се убави вести.
„Според тоа што знаеме, Шумахер не може да оди, ниту да зборува, но покажува емоции. Досега потрошиле 22 милиони евра за негово лекување“, пишува во текстот.
Од друга страна, француските медиуми наводно имаат и една изјава од членовите на семејството, која ја објавија одамна.
„Кога ќе го стават во инвалидска количка и ќе го насочат кон прекрасната панорама со поглед на езерото, Шумахер понекогаш плаче“, пишуваат француските медиуми.