Погледнете ги најновите квоти за освојување на Лигата на шампионите: Што е со Реал Мадрид?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како се ближи крајот на групната фаза во Лигата на шампиони така полека станува се појасно кои екипи до крајот на сезоната ќе се борат за трофеј, односно кои екипи имаат најмногу шанси за тоа.

Светските кладилници од коло во коло ги менуваат квотите кога е во прашање победник во Лигата на шампиони, а моментално најмногу шанси имаат Манчестер Сити со коефициент 5,5. Веднаш зад Манчестер Сити се наоѓа Барселона со коефициент 6,00 па потоа следи Јувентус со 7,00.

На четвртата позиција се две екипи- Ливерпул и Баерн со коефициент 10, па следи ПСЖ,а потоа Реал Мадрид на кој обложувалниците нудат квота 12,00.

Ве потсетуваме, Реал во оваа фаза минатата сезона беше во многу слаба форма и не беше во кругот од првите фаворити за титулата првак во Европа, но на крај успеа да застане на тронот.

Дали Кралевите повторно се потценети или со причина е поставен толку висок коефициент проценете сам.

Ве потсетуваме дека Реал три години по ред го освојуваше овој престижен трофеј.