Конте одбива да се сретне со челниците на Челси и ќе ги даде на суд


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Антонио Конте одбил да се сретне со првите луѓе на Челси и наместо тоа инсистира да ги однесе на суд за остатокот од неговата плата која се уште не му е исплатена.

Италијанецот, кој пред краток период го одби Реал Мадрид, смета дека може да ја бара платата која му стоеше во договорот пред да биде отпуштен од позицијата.

Адвокатите на Котен работат на двата одвоени случаи веќе со недели, едниот за работниот трибунал, а другиот за Спортскиот арбитражен суд.

Медиумите во Англија пренесуваат дека Конте бара околу девет милиони фунти дополнителна оштета од Челси.