Бензема откри кој сака да им биде тренер до крајот на сезоната

Французинот синоќа стигна до бројката од 200 постигнати голови во дресот на Реал Мадрид, па од заминувањето на Хулен Лопетеги повторно блесна.

По победата во Купот на Шпанија против Мелилја и во Ла Лига против Валјадолид на ред пристигна и Лигата на шампиони, каде што го врзаа третиот триумф по ред.

„Сакам да постигнувам голови и да асистирам, а тоа го прават напаѓачите. Играм фудбал за да останам запаметен, луѓето понекогаш не разбираат што правам на теренот“, кажа Бензема.

Французинот, инаку, е воодушевен од новиот тренер Сантијаго Солари и сака да остане до крајот на сезоната.

„Солари е одличен тренер, тој мора да остане барем до крајот на сезоната“, кажа Французинот.