ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Манчестер сити годинава пријави профит поголем од 10 милиони евра, но сега е јасно, иако клубот одбива тоа да го коментира за да го избегне финансискиот фер-плеј.
Тие имаат документирано приход од 500 милиони фунти, 223 се од комерцијални договори, но повеќе од фирмите се од Емиратите.
УЕФА тоа не може да го забрани, не постои механизам, меѓутоа „Фудбал Ликс“ открива дека договор со „Итихад“ од 67,5 милиони евра по сезона не го плаќа компанијата, туку шеикот Мансур.
Покрај тоа, на Роберто Манчини дел му плаќале „граѓаните“, а дел компаниите, но тоа нема да го спречи Сити да купува во текот на зимата.
Тие очигледно ја загубиле битката за Матијас де Лит, кој во лето најверојатно ќе се пресели во друг европски гигант, но наводно ќе се засилат со Френки Де Јонг, кој се подготвени да го платат 60 милиони евра.
Покрај тоа, Пеп Гвардиола лично побарал клубот да се согласи на условите на Рахим Стерлинг и со 300.000 фунти да го направи најплатен Англичанец во светот.
Сити денеска игра против Манчестер јунајтед во градското дерби и ќе се обиде првпат откако е Гвардиола на клупата да го победи Мурињо.