Сега е и официјално: Реал изненади со одлуката за Солари


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Од таборот на Реал Мадирд и официјално потврдија дека Сантијаго Солари потпишал договор и ќе остане перманентен менаџер на тимот.

Она што изненадува е времетраењето на договорот на аргентинскиот стратег за кого ова ќе биде прв голем предизвик во тренерската кариера. Имено, Солари потпиша договор кој ќе го задржи на „Бернабе“ до 2021 година, иако многу медиуми шпекулираа дека тој ќе добие договор само до крајот на оваа сезона.

На официјалниот сајт на Реал Мадрид беше објавено соопштение во кое пишуваше:

„Бордот на директори на Реал Мадрид, по денешниот состанок се согласи да го назначи Сантијаго Солари за тренер на првиот тим до 30 јуни, 2021 година“.