Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Примера бара УЕФА да се држи до себе и од Лигата на шампиони да исфрли два клуба.
Критиките упатени кон УЕФА се чести и се пожестоки после однесувањето на поедини клубови кои играат во Лигата на шампиони, а посебно се мисли на ПСЖ и Манчестер Сити кои го криеле нарушувањето на финансиската фер игра.
ПСЖ се бранеле од обвинувањата, а Манчестер Сити се лутеле поради нарушување на репутација на клубот.
Се лути и првиот човек на Примера, Хавијер Тебас.
,,Реков и пред две години дека Манчестер Сити и ПСЖ мамат, а за мене овие откриени документи не се изненадување. Важно е УЕФА да направи нешто конкретно околу тоа. Тоа е нешто што го наруши балансот во светскиот фудбал и структурата на играта. Морате да ги казните тие клубови”- рече Тебас.
,,Исфрлувањето на овие клубови од Лигата на шампиони ќе ги натера клубовите правилата на игра да ги сфатат сериозно”- рече тој.