Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Незаборавни се сцените од „Олимпико“ од пред точно година и половина, а вечерва би можеле да се повторат.
За потсетување, 2017. година, по мечот Рома – Џенова во последното коло во серија А, плачеше римскиот стадион, но и целиот фудбалски свет.
Бидејќи тој ден од играчката кариера во Рома по 28 години се прости Франческо Тоти.
Фудбалерот кој одигра 570 натпревари и постигна 307 погодоци за единствениот клуб во неговиот живот, во солзи се прости од теренот и формално замина таму каде оддамна и беше, во легендите.
Уште една потврда за тоа доаѓа и вечерва. Рома од 21 часот, го дочекува Реал во рамки на Лигата на шампионите. Меѓутоа, дербито за првото место во групата и најсилниот пар на денешната програма во ЛШ, ќе биде „споредна приказна“ на онаа главната.
Пред мечот на „Олимпико“ ќе се оддржи церемонија со која обожуваниот Капетан, ќе стане 28. член на Римската Куќа на славните.