Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот ирски напаѓач Роби Кин денес официјално објави крај на богатата кариера која траеше долги 23 години.
Индискиот клуб по име АТК ќе остане запамтен како последен за кој настапуваше 38 годишен голгетер кој порано со големи успех играше за Тотенхем, Ливерпул, ЛА Галакси, Интер, Вест Хем, Астон Вила…
Само што ја заврши својата кариера Роби Кин доби веднаш работа како помошник тренер кој ќе асистира на новоизбраниот селектор Мики МекКарти на репрезентацијата на Ирска.
Роби Кин не е без тренерско искуство бидејќи во екипата АТК објави занимлива функција играч- тренер која е својствена за индиската лига.
Најголем траг остави играјќи во Тотенхем, а во кариерата одигра 883 натпревари и постигна 393 голови.
Многумина сметаат дека е најдобар играч во Ирска на сите времиња бидејќи е рекордер во бројот на настапи (146) и голови (68) за репрезентацијата на својата земја.