Меси отворено призна што мисли за Нејмар, и за негово евентуално враќање во Барса


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Многу занимливости откри Лионел Меси во разговор за шпанската Марка. Помеѓу останатото одличниот Аргентинец говореше и за Нејмар кој за транфер вреден 222 милиони евра премина во ПСЖ.

Веќе одамна се шпекулира дека Нејмар би можел повторно да се врати во Барселона, а Меси истакнува дека не би имаш ништо против, дури и спротивно.

„Би сакале да се врати. Одличен е на теренот, но и во соблекувалната. Ние сме добри пријатели, доживеавме многу убави моменти, сепак тешко дека ПСЖ ќе го пушти“, јасен беше Меси.

Да потсетиме, Нејмар со Барса освои две титули во Примера и еден трофеј во ЛШ.

Во Барселона пристигна во јули 2013. година од Сантош.