Започнаа ракометните возбудувања: Германија очекувано лесно против Кореа на стартот од Мундијалот


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денеска и официјално започна 26. по ред Мундијал во ракомет во кој Германија со 30:19 ја совлада селекцијата на Кореа.Овој натпревар беше историски затоа што Јужна и Северна Кореа настапија под исто знаме.

Иако Корејците први постигнаа гол на натпреварот, на крајот доживеаја убедлив пораз од 30:19. Германците по првото полувреме имаа седум голови предност (17:10), за во продолжение да ја зголемат предноста.

Уве Генсхајмер ги предводеше Германците со седум голови, додека Пекелер и Кохлбахер постигнаа по четири. Волф имаше 15 успешни одбрани на натпреварот.

Кај Корејците најефикасен беше Донг-хјун со четири погодоци, додека Пар Јае-јонг имаше дури 18 одбрани.