Алкараз му се закани на Ѓоковиќ – сака да го симне од врвот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Карлос Алкараз имаше тежок предизвик во осминафиналето на турнирот во Буенос Аирес против 24-годишниот Камило Уго Карабелија од Аргентина.

Шпанецот славеше со 6-2 и 7-5 и се пласираше меѓу најдобрите осум тенисери на турнирот, а по крајот на мечот Алкараз кажа дека има јасна цел за оваа сезона.

„Моја цел е да напредувам и да бидам најдобро. Сакам да се вратам на првото место на АТП-листата. Тоа ќе биде голема и добра битка, се надевам дека ќе успеам во намерата“, кажа Алкараз.

Алкараз во моментов има 600 бодови помалку од српскиот тенисер и ќе има тешка задача да го симне од тронот.