Алонсо бил удрен од автомобил додека возел велосипед – итно бил пренесен во болница!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Фернандо Алонсо, кој двапати беше најдобар во Формула 1, учествуваше во сообраќајна незгода по која за среќа нема повреди опасни по животот.

Италијанските медиуми објавија дека Алонсо бил пренесен во болница со неколку скршеници, а потоа се јави и неговиот тим Алпин, кој е дебитант во Формула 1.

„Потврдуваме дека Алонсо учествуваше во инцидент на пат додека возеше велосипед во Швајцарија. Тој е свесен и чека дополнителни медицински тестови“, објавија од екипата.

Тимот нема да објави дополнителни информации за случајот, но во текот на денот се очекуваат медицинските извештаи.