Алонсо е разочаран од Ферари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Алонсо со Астон Мартин оваа сезона има добри резултати и е најпријатното изненадување бидејќи се качи дури четири пати на подиумот на стартот на сезоната.

Поранешнито возач на Ферари вели дека е разочаран од италијанската екипа која повторно има сериозни проблеми.

„Со Ферари се боревме секоја сезона и речиси никогаш не правевме грешки. Двапати се боревме за титула до последната трка. За моја среќа и за Астон Мартин, Ферари е понестабилен отколку кога јас возев за нив“, вели Алонсо.