Алонсо со совет за Мик Шумахер: Мора да ја искористиш првата шанса во Ф1!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Алонсо кажа дека Мик Шумахер треба да ја искористи првата шанса, која ќе му биде дадена и ќе премине во Формула 1.

Синот на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер, вчера го тестираше болидот на Ферари во Бахреин. Презимето на Шумахер така по 10 години се врати на болидот на Формула 1.

Мик возеше 56 кругови и имаше втор најбрз на тестирањата. Тој денеска ќе тргне со болидот на Алфа Ромео.

„Секогаш мора да се влезе рано во Формула 1. Никогаш не се знае. Тој годинава е во Формула 2 и мислам дека на тоа ќе се сконцентрира, а ако постигне добри резултати и добие понуда од некој тим во Ф1, тогаш треба да го фати тој воз“, вели Алонсо.