Американците ја совладаа Полска и го освоија седмото место на Мундобаскетот


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Американските кошаркари денеска славеа против Полска со 87-74 и го освоија седмото место на Светското првенство во Кина.

Екипата на САД го одигра последниот меч на Мундобаскетот, на кој дефинитивно разочараа, па мораа да се задоволат со освојување на седмото место по победата против Полска.

Американците одлично го отворија мечот, па доминираа во поголемиот дел од средбата за конечен триумф.

Иако беа ослабени поради повредата на неколку кошаркари, сепак избраниците на Грег Попович немаа многу мака против Полјаците.

Најдобар во екипата на САД беше Донован Мичел, кој постигна 16 поени во победата против Полска.